Истакнати инженери за 2001 (Летен конгрес, Чикаго, јули, 2002)


Објавен е првиот повик за доставување на трудови за Четвртото советување на Мако-Сигре, септември, 2003.
Рокот за доставување на трудовите е 31.12.2002.
Повеќе информации на www.mako-cigre.org.mk


Д-р. Владимир Димчев ја освои наградата истакнат инженер 2001 на ниво на целиот IEEE Регион 8.
Наградата ќе му биде врачена на идниот IEEE Summer Power Meeting во Чикаго. Нaградата вклучува плакета и платени трошоци за учество на конференцијата.


Нa 09.I.2002, Одделот за Електроенергетика во соработка со македонската секција на IEEE организираше годишен состанок на Електротехничкиот факултет во Скопје. Состанокот беше посетен од бројни членови и гости од индустријата и ЕСМ.

Раководствата на секциите и одделите дадоа извештаи за активностите во 2001 како и финансиски извештај. Одделот за Електроенергетика го објави доделувањето на наградата истакнат инженер на д-р Димчев од универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје. Оделот го кандидира д-р Димчев и за наградата на регионот 8.

Претседател: Доц. Д-р. Весна Борозан
vesnab@cerera.etf.ukim.edu.mk

Потпретседател: д-р Владимир Димчев
vladim@cerera.etf.ukim.edu.mk

 
Секретар: дипл. инж. Благој Гајдарџиски
 gajdardziski@hotmail.com
   

 

(C) 2001. all rights resrved. IEEE.
site design by ASTON